АктуелноЛокално

(Видео) Михајловски: Семафорите во Штипска населба Сењак и натаму неработат – Левица предлага кружен тек како решение

Веќе шест месеци единствените семафори во населбата Сењак се надвор од функција, а граѓаните секојдневно се соочуваат со сообраќаен хаос и небезбедни услови за движење. Советникот на Левица од Штип, Ангеле Михајловски, алармираше за проблемот и понуди конкретно и практично решение: крстосницата да се преадаптира во кружен тек.

„Кога семафорите работат, се создаваат големи колони на возила. Кога не работат, хаосот е уште поголем – и за пешаците и за возачите, особено оние кои доаѓаат од соседните општини,“ истакна Михајловски.

Тој додаде дека кружниот тек би бил најсоодветен од практичен аспект, и дека голем дел од граѓаните го поддржуваат предлогот. Сепак, предложеното решение не доби поддршка од мнозинството советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал, и покрај тоа што граѓаните се согласуваат со нашата идеја, владејачкото мнозинство го одби предлогот. Очигледно, проблемот ќе остане да го решава некоја идна локална власт,“ посочи Михајловски.

Проблемот со нефункционалните семафори и натаму останува отворен, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемен ризик и нервоза во сообраќајот.

Неговото целосно обраќање на видетото во продолжение: