АктуелноЛокално

Левица: Општина Кисела Вода две години не урива дивоградба на државно земјиште во Драчево

Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода остро реагира на молкот и неажурноста на општината во врска со случајот на бесправно изграден деловен објект на државно земјиште во населбата Драчево. Иако објектот, лоциран на парцелата 10870/1 која според Деталниот урбанистички план е наменета за сервисна и пешачка улица, има донесено решение за уривање, истиот сè уште стои недопрен – веќе целосно изграден и со сите приклучоци.

Според податоците, градбата започнала на почетокот на 2023 година, а граѓани веднаш реагирале и поднеле пријава до општината. На 4 мај 2023 година, Општина Кисела Вода одговорила дека станува збор за нелегална градба и дека е донесено решение за нејзино уривање. Но, и покрај правосилноста на решението, објектот не само што не е урнат, туку е целосно завршен.

„Чекаме тендер за фирма за уривање“, гласи објаснувањето од општината, кое Левица го смета за апсурдно и сомнително. Според нивната проверка на официјалните платформи за јавни набавки, Општина Кисела Вода веќе на 21 декември 2023 година има склучено договор со фирма за уривање, со важност од 12 месеци и со исплатени средства од буџетот.

Од Левица прашуваат дали одложувањето е намерно, со цел да се купи време за да не се реализира уривањето. „Дали некој го штити овој објект? Зошто се дозволи целосно да се заврши? Одговори треба да дадат Општината и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски“, се вели во соопштението.

Целосното соопштение на Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода во продлжение: