Јована Мојсоска донира половина од својата пратеничка плата за жртвите на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот Фејсбук профил објави дека донирала половина од својата пратеничка плата за поддршка на девојката која го преживеа страшниот пожар во дискотеката “Пулс” во Кочани, а во трагедијата ја изгуби помалата сестра. Мојсоска изрази емпатија и солидарност со семејството на жртвите, напоменувајќи дека иако никаква финансиска помош не може да ја замени болката од губењето на најблискиот, тоа барем може да помогне во олеснување на ситуацијата.
“Свесни сме дека никаква финансиска помош нема да ја намали болката од губењето на својот најблизок, но ако барем можеме, со скромен чин на донација, да помогнеме на трагично загинатите во Кочани – барем тоа да го направиме”, напиша Мојсоска во објавата.
Таа се повика и на цитатот на поетот Жарко Лаушевиќ, кој вели: “Македонија е земја каде во сè се доцни, само се умира пред време”. Со оваа изјава, Мојсоска ја изрази својата загриженост за бавните реакции на државата и институциите во справувањето со трагедии и несреќи.
Нејзината донација не ја покажува само личната солидарност на пратеничката, туку и напорите на Левица да се промовира одговорност, хуманост и солидарност во тешки моменти, кога треба да се поддржат оние кои ги зафатила трагедија.
Нејзината објава на Фејсбук ви ја претставуваме во целост: