АктуелноЛокално

Црвена Младина: Младите ја напуштаат Македонија, а старите партиски лица добиваат нови фотелји – критика за именувањето на Богојески за директор

Додека младите масовно ја напуштаат државата во потрага по подобри можности, старото партиско лице Петар Богојески повторно добива висока позиција во јавниот сектор. Овој пат, тој е назначен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, иако зад себе има осум функции во различни владини институции. Според Црвената младина, ова именување е уште еден доказ за постојаното наградување на истиот кадар, кој бил дел од политичките структури од времето на Никола Груевски до денес.

„Секое раководство, без оглед на политичката ориентација, продолжува со наградување на истите лица и поставување на партиски кадри на важни позиции. Ова е дополнителен доказ дека системот кој ги брка младите и не им нуди шанси за развој останува недопрен“, изјавија од Црвена младина.

Тие додаваат дека ваквите одлуки се дел од партиските конкурси и поделба на функции како плен, додека компетентноста и стручноста често се занемаруваат.

Црвена младина бара итно преиспитување на овие пракси и воведување на транспарентни процедури за именување, засновани на вистински компетенции. „Време е да ставиме крај на ротацијата на истите лица и да создадеме фер можности за сите млади луѓе во државата“, посочуваат од младинската организација на Левица.

Нивното соопштение ви го претставуваме интегрално: