Апасиев: Кривична за Џафери поради лажен исказ – Уставниот суд донесе скандалозна одлука врз основа на неговиот лажен исказ
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук упати сериозни обвинувања кон поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, тврдејќи дека истиот дал лажен исказ во постапка пред Уставниот суд. Апасиев најави дека ќе поднесе нова кривична пријава против Џафери, овојпат за, како што вели, давање лажен исказ.
„Ауууу сине, ама се навлече…“, започнува Апасиев во својот пост, додавајќи дека дури сега забележал оти Уставниот суд во своето образложение за отфрлање на неговото барање како клучен доказ го зел исказот на Џафери, во кој тој тврдел дека одговорот до Апасиев бил доставен во Собранието, а не на неговата домашна адреса.
Според Апасиев, Џафери намерно го криел документот повеќе од месец и пол и не го испратил по пошта со цел да истече законскиот рок од 15 дена за реакција.
„Уставните судии, кои пресудија спротивно на писмена доставница, не сакам ни да ги коментирам – тоа е најслабиот персонален состав на судот откако постои!“, пишува Апасиев, со остри зборови упатени кон судскиот состав.
На крајот од статусот, тој најави дека ќе поднесе нова кривична пријава за лажен исказ против Џафери, алудирајќи дека обвинителството би можело да се обиде да го заштити преку политички влијанија.
Ова е само последниот во низата правни и политички судири меѓу Левица и корумпираното судство, во кои Апасиев сѐ почесто го користи Европскиот суд за човекови права како следна инстанца за борба за, како што вели, владеење на правото.
Неговиот статус на Фејсбук ви го претставуваме во целост: