Протестите на работниците од „Еурокомпозит“ се радикализираат

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

„Еурокомпозит“ е само една од многуте компании периодов во кои работниците излегоа на протести. Се касни со бруто плата и со придонеси, за некои дури и од јуни 2012 година, па работниците брзо ги радикализираа своите протести, надевајќи се дека некој ќе ги чуе нивните проблеми.

Стоејќи си на своето ветување, вчера тие повторно го блокираа магистралниот пат помеѓу Прилеп и Плетвар, овој пат два часа. „Продолжуваме со нашите штрајкови и почнавме да ги радикализираме и да бидат што поголеми. Еве, од денеска започнавме и по два часа да стоиме на овие патишта и покрај овие временски услови. Другите работи се кажани, дека бараме бруто – плата со придонеси, под итно да се оствари средба со  господинот Заев и бараме неотповиклива оставка од раководтсвото бидејќи повоеќе од 10 до 15 денане се влезени во фабриката. Немаме вода за пиење, немаме никакви услови за работа, а до кога ќе тераме вака не знаеме“, рече првиот синдикалец Роберт Богданоски.

Богдановски најави протести пред Владата во вторник, со поставување на шатори, доколку во меѓувреме некој не се јави и не даде некаква потврда. Периодов, на протести излегоа работниците од „ФЕНИ“, „МЖ Транспорт“, „Веибо Груп“ и „Зона Трико“.