АктуелноЛокално

(Видео) Огромни стаорци забележани во училиштето „Панајот Ѓиновски“ во скопски Бутел

Учениците и вработени во основното училиште „Паснајот Ѓиновски“ во општина Бутел се соочуваат со сериозен проблем – присуството на огромни стаорци во училишниот простор. Според информации од ученици и родители, стаорците се забележани во училниците и коридорите на училиштето, што предизвика голема загриженост меѓу родителите и наставниот кадар.

Овој инцидент е аларм за хигиенските услови и безбедноста во училишните простории. Родителите изразуваат страв дека ваквите хигиенски проблеми можат да имаат сериозни последици по здравјето на децата и вработените во училиштето. Нема информации за тоа како овие животни се нашле во училиштето, но според сведочењата, тие се многу големи и во голем број.

Локалните власти и здравствените инспекции сè уште не дадоа официјално соопштение за состојбата. Заедно со училиштето, се очекува што поскоро да бидат преземени мерки за уништување на стаорците и за обезбедување на здрави и безбедни услови за учениците.

Оваа ситуација го истакнува сериозниот проблем со хигиената и санитарните услови во некои образовни институции, за кои е неопходно да се преземат брзи и ефективни мерки од надлежните органи.