АктуелноЛокално

Апасиев: Пресудата за Теодора е резултат на трибалистичкото правосудство

Димитар Апасиев, лидер на Левица, остро реагираше на пресудата на судијата Ељведин Ферати, кој за случајот со Теодора, девојката прегазена на пешачки премин, изрече две години затвор на обвинетиот. Апасиев тврди дека оваа пресуда е резултат на неправилности во правосудниот систем, кој е под влијание на политички и партиски интереси.

Тој ја критикува пристрасноста и недостатокот на транспарентност во судските одлуки и ги потенцира сомнежите за интегритетот на правосудството. Дополнително, се појавија наводи дека судијата Ферати си ги менувал оценките на тетовскиот универзитет со пречкртување, открила антикорупциската комисија, која веќе започнала истрага. Апасиев бара брза и транспарентна истрага за овие наводи и реформи кои ќе ја вратаат правдата и еднаквоста во судскиот систем.

Z P

Zvezdanka Pesikj