АктуелноЛокалноСтав

Весна Ангелова: Ова не беше несреќа, туку трагедија предизвикана од негрижа и корупција

Трагедијата која ја потресе Кочани, предизвика големи реакции кај јавноста, која бара одговорност од институциите. Многу прашања останаа без одговор, но еден глас особено се истакна.

Весна Ангелова, со остар став на социјалните мрежи, ги повика властите да се соочат со својата одговорност, и ја критикуваше нивната негрижа и неспособност. Нејзината објава не само што ги обелодени сериозните недостатоци на системот, туку и ги мобилизираше граѓаните да не молчат, туку да се борат за правда и одговорност.

„Без преседан се срамните обиди на власта да ги замолчи граѓаните во однос на трагедијата во Кочани. Делумно и успеа. Единствената причина за тоа е што сакаат да ја избегнат сопствената одговорност по секоја цена!
Јас немам намера да молчам затоа што ова не може и не смее да се заборави!

Доживеавме невидена колективна траума.
И да се знае: ова не беше несреќа туку трагедија што е последица на децениската негрижа, неодговорност, нестручност и корупција.
Корупцијата во Македонија, години наназад зема данок во крв! И ова нема да престане доколку не се искорени!
Не смее да се заборави дека недолжни млади луѓе платија со живот заради алчноста и несовесноста на властите!
Одговорноста не е колективна како што многумина се обидуваат да ја прикажат!

Одговорноста е индивидуална, таа има име и презиме!!!
Поддршка за граѓаните на Кочани што секојдневно протестираат!
И не грижете се, ќе протестираат и Скопјани кога ќе имаат време!
А бре за ова цела Македонија требаше да биде на нозе 24/7!
Дали мислите дека некој друг ќе ги води нашите битки?“ напиша Ангелова.

Објавата доби широка поддршка на социјалните мрежи, при што многумина ја препознаа како глас на совеста. Во време на молк, ваквите реакции се потсетник дека борбата за правда мора да продолжи – гласно, истрајно и без страв.

Z P

Zvezdanka Pesikj