АктуелноЛокално

Ленка: Минимална плата за достоинствен живот – доста е од експлоатација

Во услови на растечка економска криза и зголемена експлоатација на работниците, ДСП Ленка остро реагира против социјалната неправда и бара итно зголемување на минималната плата за достоинствен живот.

„Зголемувањето на сиромаштијата не смее да се толерира! Трулиот систем само го зголемува јазот помеѓу богатите и сиромашните. Додека едните остваруваат неверојатни профити, другите немаат можност ниту да обезбедат основни услови за живот.

Статистиката потврдува дека нови 13.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата само поради инфлацијата на храната, што изминативе две години достигна 32,6%.

Борбата за достоинствени плати е од суштинско значење за социјалната правда, а зголемувањето на минималната плата на 500 евра е неопходен чекор кон подобрување на животниот стандард на работниците. ДСП Ленка ја изразува својата целосна поддршка за денешниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Ги повикуваме сите граѓани и организации кои се борат за работнички права да се приклучат на протестот и да застанат во одбрана на економската сигурност и праведност.

Нема правда без работнички права!“

Време е да ставиме крај на сиромаштијата и експлоатацијата – заеднички, со здружен глас и силна акција, да се избориме за праведно и достоинствено општество!

Z P

Zvezdanka Pesikj