АктуелноБиблиотекаЛокално

Макабреското предавство на двајца војводи – крвава тајна за Тодор Александров

Историјата е полна со предавства и заговори, но некои настани остануваат особено потресни поради нивната суровост и неправда. Еден таков случај е предавството на кратовскиот војвода Јордан Спасов и пограничниот војвода Јордан Секулички, кои, намамени со лажни ветувања, беа оставени на страшна смрт во летото 1911 година.


„Тодор Александров како секретар-инструктор на Клинчаровата чета го покани кратовскиот војвода Јордан Спасов и пограничниот војвода Јордан Секулички на советување за претстојното уриетско сожителство. Со една својствена нему подлост, тој успеа да ги заблуди двајцата војводи да ги распуштат своите четници и да останат при него за очекување уште на некој ден, па после заедно да слезат во градот, инкогнито, без пречекување и шум како што се правеше спрема секоја нелегална чета што ќе дојдеше.

Уште со распуштањето на своите четници, двајцата војводи разбраа дека е против нив извршен заговор, но нивниот отпор беше залуден. Тие беа заобиколени и врзани од четниците на Клинчарски. Нивната смрт не може да опише. Тие беа соблечени голи и намачкани со мед. Оставени на топло јулско сонце, нападнати од пчели, оси и мравки, оставени така неколку дена, без вода и леб, тие умреа во конвулзии и на тој начин се оддолжија и со мачеништво ги осветија своите светли социјалистички идеали, кои Александров, со нему својствената грубост и садизам, ги гонеше.

Тој настан остана за долго време тајна. По извршувањето на злосторството, по силата на директивата дадена од Матов, Александров слезе во Штип тајно, и ја отпочна подготовката на една поуриетска конспиративна дејност.

Доцна, по неколку месеци, народот разбра за извршеното злосторство.“


Овој настан претставува една од најмрачните страници во историјата на македонското револуционерно движење. Тој е потсетник за суровите пресметки меѓу различните идеолошки фракции, како и за трагедијата на оние кои, верувајќи во заедничката борба, завршиле предадени и убиени од своите сопствени соборци.

Превземено.

Автор: Ангел Динев
Илинденска Епопеа II

Z P

Zvezdanka Pesikj