Црвена Младина: Кој ќе одговара за уништување на најголемото вештачко езеро во Република Македонија?

„Ви се верува ли дека ова е Тиквешкото езеро? Кој ќе одговара за уништување на најголемото вештачко езеро во Република Македонија?

Последните 70 години околу ова езеро се развил посебен екосистем, со неколку загрозени видови кои зависат единствено од постоењето на акумулацијата. За да се наполнат пари побрзо и без ОСЕТ во рекордно време недомаќински се празнеше езерото до состојбава како што е сега! Изумираат риби, животни кои се хранат и директно зависат од езерото, птици, се нарушува целиот биосистем до нула!

ХЕЦ ТИКВЕШ Е МАЕСТРАЛЕН ИНЖИНЕРИНГ, АМА АКТУЕЛНАТА ВЛАСТ САМО ЗНАЕ ДА РУШИ И УНИШТУВА ЗА СВОЈА КОРИСТ, НЕ ЗНАЕ ДА НАПРАВИ НЕШТО ВО КОРИСТ НА НАРОДОТ! Што останува за народот? Кому му е гајле за животната средина, кој ги почитува предците кои пот и труд вложиле во изградбата на таа акумулација? Кому му е гајле за илјадниците викендици кои се направени од обичниот работник кој има ден/два за одмор на ова езеро?

На “властите” НЕ, а на олигарсите кои се богатат од експлоатацијата на езерото за производство на струја уште помалку!”

Фејсбук статус на Црвена Младина – Кавадарци

🟢УНИШТУВАЊЕ НА ЕКОСИСТЕМ🟢 Ви се верува ли дка ова е Тиквешкото езеро? Кој ќе одговара за уништување на најголемото…

Posted by Црвена Младина – Кавадарци on Monday, March 29, 2021