АктуелноЛокално

(Видео) Јанчев: Крива река затруена со олово, арсен и цијанид од рудникот „Тораница“

„Детектирани се алармантни количини на олово, арсен и цијанид опасни по здравјето на луѓето и штетни за земјоделските посеви! Рудниците за металични минерали се фатална работа и затоа народот си ги нарече рудници на смртта. Три вакви рудници е доволно да се отворат за да се уништи цела Македонија. Од овие причини на седница на Собрание ја прашав министерката за рударство дали со новиот закон за рудатво планираат да воведат забрана за отворање на рудници за металични минерали во Македонија“ – напиша пратеникот Сашко Јанчев споделувајќи видео од собраниската седница на која тој постави пратеничко прашање до министерката за Енергетика и рударство.

Пратеникот истакна дека од ова единствена корист имаат странските инвеститори, додека последиците одат на сметка на нашиот народ. Тој исто така сподели дека ваквиот тип на рудници се затворени во САД.

„Не добив потврден одговор!  Рударството е привремена активност со трајни штетни последици! Во радиус од 100 километри од вакви рудници не се живее! Во САД се затворија рудниците за металични минерали, освен во пустините! Корист од ова имаат само странските инвеститори кои златото си го носат во странство. За Македонија има само 2%, а имајќи ја предвид корупцијата прашање е дали ќе биде и 2%!  Македонија од земјоделие, туризам и IT индустрија имаат деветкратно повеќе потенцијал да отворат ТРАЈНИ работ и места, за разлика од рударството кое е привремена дејност!“

На крајот Јанчев заклучи дека „нови рудници за ископ на металични минерали не смее да има“.

A S

Aleksandar Simonov