АктуелноЛокалноСтав

Чиј е рудникот Тораница и кој ја загади Крива река?

  • Пишува Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор:

Рудникот Тораница чие пукање на цевка ја загади водата на Крива Река со отрови и тешки метали е во сопственост на бугарскиот олигарх Николај Валканов од „Мултигруп“, денес сопственик на компанијата “Минстрој – Булмак”.

Валканов имаше средби со актуелниот премиер Мицковски и со Зоран Заев додека беше премиер и секогаш во јавноста имаше пофални зборови за соработката со македонските власти. Дотолку повеќе што на почетокот на мандатот на претходната власт, „Минстрој“ влезе и во бизнис соработка со луѓе блиски до Заев.

Во јуни 2018 година, формирана е фирмата „Бул-билдинг“ во Струмица. Сопственици се „Минстрој холдинг АГ“ и Александар Пиперевалиев кој е прв братучед на Драги Рашковски, близок пријател на Заев и поранешен генерален секретар осуден за измама со набавка на софтвери.

Фирмата има решение за производство и продажба на канабис, а управител на фирмата е Гоце Мојсоски, којшто е на истата позиција и во „Булмак 2016“.

Во одреден период, партнери во оваа компанија биле и контроверзниот српски бизнисмен Предраг Колувија и Горан Крстев, исто така близок соработник на Заеви.

Сопственикот на „Минстрој“, Николај Валканов беше заменик – претседател на „Мултигруп“ и еден од најблиските соработници на сопственикот Илија Павлов, оквалификуван во американските дипломатски извештаи како „доајен на бугарскиот организиран криминал“. Павлов стана жртва на нарачано убиство во 2003 година. Потпретседателот на „Мултигруп“, Николај Валканов преживеа, се здоби со академски титули, неговиот бизнис расте, а неговите политички врски и влијание го ставија во категоријата регионални олигарси.

Бугарската корпорација „Мултигруп” беше обвинета за вмешаност во атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Тогашниот прв човек на МВР, Љубомир Фрчкоски, јавно ја обвини оваа бугарска компанија за поврзаност со атентатот врз Глигоров. Една година подоцна Глигоров го примил Илија Павлов во летната резиденција „Билјана” на Охридско Езеро. На средбата Павлов го уверувал Глигоров дека тој нема никаква врска со атентатот врз него. „Мултигруп“ беше и сопственик на акции во „Балканска банка-Скопје”.

Премиерот Мицковски во друштво со Николај Волканов, сопственик на рудникот Тораница.

A S

Aleksandar Simonov