Тамара Јованов: Независно граѓанство во време на општ распад
- Објава на социјалните мрежи на Тамара Јованов – Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, Катедра за менаџмент
Најјака појава на политичкава сцена е т.н. “независно” граѓанство. Оние неутралните во време на општ распад.
Постојано се жалат како ништо и никој не им чини, ги ставаат сите во ист кош (оти они нели мора некако да се издвојат себеси), а притоа, кога ќе има некој добар предлог за корисни политики и закони (секако од Левица), секогаш зборуваат апстрактно – ко да таа работа паднала од небо, сама се појавила на дневен ред, сама се сработила.
Па тука после има драматична критика како никој не го гласал доброто решение (еј никој, демек ни оние кои го предложиле), па пак се сите исти, итн.Ова вришти на две – три работи (па кој каде ќе се пронајде):
1. Не се толку независни како што сакаат да се прикажат.
2. Имаат своја нереализирана политичка или кариерна амбиција, па си чекаат момент да ја ловат со кого ќе проценат дека е подобно.
3. Политичка неписменост.
Драги независни, ако сте толку искрени како што сакате да градите имиџ, тогаш ви е јасно дека е доблесно да се каже кој како работи во законодавниот дом, кој што и како предложил, а кој не гласал и зошто. На пример, за предлогот за гонење на семејно насилство по службена должност, одработи и предложи Левица, а не го гласаше власта на дпмне (ниту жените!!!)
Оти не, не се сите исти со нивните ДЕЛА во Собрание и само кога ќе го видиме тоа со отворени очи, ќе знаеме да не ги повторуваме грешките како гласачи, кои животи чинат. Вака апстрактно поставено “сам паднал од небото предлогот”, а сите исти лоши не го гласале е манипулација пред се’ штетна за добрите политички решенија. Исто така, единствено Левица беше да не запира работата на Собранието, ама изгледа и тоа не се важи, оти ако се даде признание за она што го прават за граѓаните (и тоа за сите, а не само за тие кои ги гласале), ќе му падне круната на “независното” граѓанство кое во голем дел пак, си ги гласаше дпмне.
Редно е после 33 години работите да ги кажуваме како што се.