Мојсоска: Струга – од град на поезијата до град на дивоградби
Струга, некогаш позната како град на поезијата, денес сè повеќе станува симбол на бесправната градба и институционалната немоќ. Пратеничката од Струга, Јована Мојсоска, алармира за сериозен случај на узурпација на државно земјиште во заштитеното подрачје на струшката чаршија, каде веќе неколку месеци незаконски се гради објект без никакво одобрение.
По нејзино поднесено барање за инспекциски надзор, надлежниот инспектор утврдил дека станува збор за дивоградба. Но, и покрај тоа, градежните активности продолжиле непречено, а објектот добил и нова плоча.
„Пред два месеци поднесов и кривична пријава до ОЈО-Струга, но одговор сè уште нема. Дивоградбата продолжува да се гради, а институциите како да се целосно немоќни да се справат со еден бесправен објект“, истакна Мојсоска.
Овој случај повторно го отвора прашањето за владеењето на правото и способноста на државните институции да се справат со урбанистичкиот хаос. Граѓаните сè почесто сведочат на ситуации во кои бесправната градба останува несанкционирана, додека надлежните органи, наместо да реагираат, остануваат пасивни.
Дали Струга ќе го врати својот углед како културно средиште или ќе продолжи да се претвора во град на урбанистички хаос? Одговорот, според Мојсоска, зависи од тоа дали институциите конечно ќе почнат да го применуваат законот.
Нејзиниот статус ви го престставуваме во целост: