Апасиев поднесе барање за одговорност на судија поради непочитување на пресуди од Стразбур
Пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, за првпат во својата професионална кариера како универзитетски професор по право, поднесе барање до Републичкиот судски совет за утврдување одговорност на судија.
Апасиев го обвинува судијата Слободан Хаџи Христовски од Основниот граѓански суд Скопје за „крупна професионална грешка“, односно за непочитување на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Според него, судијата не ги применил задолжителните ставови од дури 52 конечни и извршни пресуди на ЕСЧП, иако бил законски обврзан да го стори тоа согласно член 18, ставови 5 и 6 од Законот за судовите.
„Живо ме интересира какво правно волшепство ќе измислат нашите некредибилни правни магионичари од Судскиот совет за да го ‘извадат’ нивниот колега од одговорност“, напиша Апасиев, алудирајќи на можните обиди за заштита на судијата од санкции.
Останува да се види како ќе реагира Судскиот совет и дали ќе преземе мерки во овој случај, кој отвора прашања за судската одговорност и владеењето на правото во земјата.
Неговиот статус во го пренесуваме во целост: