АктуелноЛокално

Паролата „Секој еден може да е следен“ одекнуваше на вчерашниот протестен марш „Кој е следен“

„Секој еден може да е следен“, „Доста беше смрт“, „Правда за жртвите“ се дел од паролите што неколкуте илјади демонстранти на собирот „Кој е следен“ ги извикуваа пред македонското Собранието пред кое беше поставен кордон полиција.

Неколку илјади луѓе, во врнежливи услови, вчера вечерта се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на протестниот марш насловен „Кој е следен“.Маршот почна со триминутен молк во 18:59 ч. за загинатите во трагедијата во Кочани, а беше направено и ѕвездено небо.

Маршот продолжи кон Владата, каде што ќе има 16-минутен молк, по што се предвидени говори. Како што најавија организаторите во повикот за протестниот марш, на овој собир се забранети партиски обележја затоа што е граѓански собир, а препораките се да се избегнуваат провокации и да не се носи сè што може да послужи како оружје, притоа да се одржува чистотата и да не се уништуваат јавен и приватен имот.

„Протестираме првично затоа што сакаме да останеме да живееме тука, ама сакаме да останеме да живееме тука и да ни е безбедно дома. Сметаме дека треба да се разгранични конечно активното политизирање и партизирање кое ни се наметнува од системот и да прекинеме да ја романтизираме улогата на жртва, која исто така ни ја негува системот. Главно протестираме за да нема веќе жртви и да ни биде безбедно и сигурно дома“, рече Милена Јаневска од „Кој е следен“.

Движејќи се покрај болницата „Свети Наум Охридски“ протестирачите со аплауз им одаддоа признание на здравствените работници.

A S

Aleksandar Simonov