АктуелноЛокално

Митановски: Не сум организатор на протестот, јас сум студент кој го подржува собирот на НСС

Кирил Митановски член на Црвена младина на Левица, за кој медиумите во спрега со власта и и партијата ДПМНЕ објавија дека е организатор на протестот на студентите најавен за денеска, на својот Фејсбук профил објави демант, кој го објавуваме во целост.

„Јас Кирил Митановски целосно ги демантирам изнесените новинарски информации во вашиот (портал/ медиум) дека сум организатор на било каков протест кој за крајна цел би имал некаква дестабилизација. Ве известувам дека јас сум студент на Филозофски факултет кој го подржува собирот на НСС кој се одржува поради артикулација на прашања поврзани со студентското претставување и студентскиот интерес. Со оглед дека не сте побарале од мене изјава иако е тоа ваша новинарска обврска Ве молам да го објавите овој демант.