АктуелноЛокално

Апасиев: Владата ги етикетира младите кои бараат правда за нивните врсници кои ги изгубија животите

Во текот на вчерашниот ден се појавија бројни обвинувања по социјалните мрежи. Во главно, беа сервирани од центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ, кои очигледно ги користеа државните служби за да ги заштитат сопствените функционери од младите кои бараат одговорност.

Оваа хистерија утрово кратко ја искоментира лидерот на Левица Димитар Апасиев, којшто вели дека Владата оние кои бараат правда ги нарекува дестабилизатори, додека оние кои треба да понесат одговорност за се што се случи, тие се борат за некаква стабилизација:

„Ако добро разбрав… Според арогантно-босата портпаролка на Влада и според вмроидните куртони од некои “медиуми” – имало две политички состојби во државава: СТАБИЛИЗАЦИЈА – во која горат 60 млади, оти “институциите на системот” не си ја работеле работата за која ги плаќаме; и ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА – во која младите протестираат против корумпираната власт, користејќи го нивното уставно гарантирано право на мирен собир!?“ – напиша кратко Апасиев.

За денес е најавен протестот на движењето „Кој е следен“, а јавноста е во исчекување на нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ за „дестабилизација“ на државата.

A S

Aleksandar Simonov