Апасиев прашува: Зошто не е приведен актуелниот директор на Пазарен инспекторат?
По обидите за владино прикривање и манипулација со јавноста, пратеникот и Претседател на партијата Левица, Димитар Апасиев, со свое правно излагање и објаснување на процесот и мерките кои требало и треба во иднина да се превземат.
Според Апасиев, согласно чл. 8 од посебниот Закон за Државен пазарен инспекторат (Сл. весник на РМ бр. 24/2007), кој досега е менуван и дополнуван 15 пати, токму ДПИ е изрично надлежен за изрекување инспекциски мерки со цел отстранување на утврдени неправилности!
Дополнително, во Законот за угостителската дејност (2004), како посебен специјален закон за диско-клубови и кабареа, Државниот пазарен инспекторат е споменат дури 40 пати.
Оттука, нејасно е зошто премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски и колегите од Основното јавно обвинителство Кочани го поштедиле од истрага и не му дале својство на осомничен и обвинет на актуелниот В.Д. Директор на ДПИ – Влатко Стојкоски од редовите на ДПМНЕ? Стојкоски е на функција од месец ноември 2024, што значи имал сосема доволно време по службена должност да преземе службено дејствие кое не го презел.
Аргумент со посилна причина , ова дотолку повеќе има смисла, ако се знае дека поранешниот директор на ДПИ е осомничен и веќе е во притвор.
Или објаснува тој, по примерот од предходните искуства, што всушност прават и како ја замајуваат јавноста: ова би било исто како за кривично дело „убиство“ сторено со пиштол, да го обвините производителот на пиштолот во фабриката, а не и непосредниот извршител кој го повлекол чкрапалото!
