Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, тогашен советник во Град Скопје денес сподели стара вест во објава на Фејсбук и потсети како корупцијата на СДС и ДПМНЕ работат рака под рака и секогаш сложно кога е во прашање профитот на бизнисот стекнат на криминален начин. Имено во 2022ра година со заобиколување на законите со одлука на Советот на Град Скопје која беше сложно изгласана од советниците на ДПМНЕ и СДС за продолжување на работата на дискотеките во Градскиот парк, иако истите немале лиценца и работеле целосно незаконски исто како и дискотеката во Кочани каде се случи најголемата трагедија во историјата на независна Македонија.
Неговата објава ви ја претставуваме во целост:
За скопските ДИСКОТЕКИ, 13-ти јуни 2022, соопштение на советничката група во која бев:
,,На 12-та седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред беше и точката за продолжување со работа на летните дискотеки во Градскиот парк.
Претходните градските власти на СДСМ ветуваа дека секое лето им е последно за работа, пред локациите да се пренаменат во Луна парк. Сега, новите власти на ДПМНЕ на седницата ја известија јавноста дека ќе постапат исто.
Со аргументацијата дека ќе го збогатат културно-забавниот програм за младите во Скопје, СДСМ и ДПМНЕ едногласно решија да ги збогатат газдите на дискотеките со истите локации за уште една сезона.
Контроверзното работење на овие дискотеки ќе продолжи, иако за истите никогаш не е распишан јавен оглас, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Договорите се продолжуваат постојано само со анекс-договор, што е надвор од законската регулатива.
Со години дискотеките работат без лиценца од Министерството за економија, затоа што не постои договор за закуп на деловен простор, а до пред некоја година јавното претпријатие Паркови и зеленило наплаќало надоместок, без притоа да склучи договор со фирмите…
…Ваквото продолжување со работа на дискотеките, надвор од законската регулатива, покажува дека трите партии повторно се ставија во заштита на неколку крупни ѕверки.
На седницата, членовите од Советот на Левица гласаа ПРОТИВ предложеното продолжување на работа на овие ноќни клубови.”
Исти сме сите? Далеку, далеку од исти…

