АктуелноЛокално

Тамара Јованов: Погодените од ужасот не смеат да бидат оставени на милост од донации – Владата и Собранието да пренаменат средства

  • Фејсбук статус на Тамара Јованов – Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, Катедра за менаџмент.

Луѓето погодени од ужасот не смеат да бидат оставени на милост од донации! Под итно Владата и Собранието да ги пренаменат сите непродуктивни трошења кон нив и нивна помош! Ако она што го издвоиле досега не е доволно, мора да се зголеми.

Да продолжат со исплаќање патни трошоци, купување луксузна храна, нови автомобили за себе, а притоа за семејствата на настраданите и за лекување во болниците да чекаат од донации е недозволиво! Секоја чест на сите кои се ангажираат за донации, ама тоа не е одржлив систем.

Во цивилизирано општество мора државните механизми да функционираат. Ако после трагедијава не ни текне дека по сите основи мора коренити промени ВЕДНАШ, не знам кога и како. Нека покаже власта дека е спремна не само да апси заради јавен притисок и за да не падне, туку да работи одговорно по сите основи.

A S

Aleksandar Simonov