АктуелноЛокално

Професор во Штип ги искинал хамерите на децата кои оддаваа почит за жртвите во Кочани

Ученици од Штип се жалат дека професор по музичко ги скинал транспарентите кои тие ги подготвувале цел ден за жртвите во Кочани. Штипјани тврдат дека „професорот Дејан Илијевски им велел дека не треба да се политизира ситуацијата, а самиот тој имал политичка цел“. По инцидентот, учениците со искинатите транспаренти се упатиле кон гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, каде работи професорот по музичко образование и ги оставиле пред објектот.

Друг штипјанец за за истиот инцидент вели дека додека неколку ученички ги изработувале транспарентите, професорот им пришол и им рекол да ги тргнат на страна транспарентите, зашто биле политички, на што тие му одговориле дека не се, а потоа им рекол „вие нема да ги тргнете, дајте ми ги“, по што тие му ги предале транспарентите, а тој ги искинал.

Претходно, истиот професор на часовите им велел дека сѐ што правеле за жртвите во кочани е „политчки настроено“, на што учениците му велеле дека сѐ што правеле и прават еза нивните другари, а не за политика, раскажува сведоци од Штип.

Професорот Дејан Илијевски, ако може така да се нарече на Фејсбук ги негира овие обвинувања, меѓутоа граѓаните во коментари на неговата објава се гневни за неговата потапка. За кратко тој ја избриша објавата на својот профил.

Во продолжение коментарите на објавата.

Граѓани, пред се млади луѓе низ речиси цела Македонија вчера оддадоа почит за трагично загинатите во Кочани.

 

59 лица загинаа, повеќе од 150 се повредени во незапаметена трагедија која се случи со избувнување во пожар ов нелегална дискотека во Кочани.

Z P

Zvezdanka Pesikj