Локално

Апасиев: Манипулативни и лажни се најавите на Мицкоски за вонредни инспекциски надзори

Вчера владините функционери најавија вонреден инспекциски надзор во дискотеките и угостителските објекти. Откако се случи катастрофата во Кочани, за ова веројатно е предоцна. На социјалните мрежи жестоко реагираше лидерот на Левица – Димитар Апасиев, констатирајќи дека Пазарниот инспекторат е длабоко партизиран:

„Според владината одлука, во следниве три дена Државниот пазарен ИНСПЕКТОРАТ ќе правел вонредни инспекции во сите дискотеки!

Еј. Тоа е истиот оној партизиран Пазарен инспекторат кој година дена не открил дека шупата има истечена лиценца (без никаква инфраструктура за диско) и чиј директор, вчера на пресот, беше жолчно бранет од арогантниот премиер да не си поднесува ОСТАВКА – у стилот “па не може некој 365 дена да врши инспекција”!?

Кого лажете бе? Кого фарбате?“ – Заклучи Апасиев