Тамара Јованов: Корупцијата и клиентелизмот убиваат
33 години се руши секој стандард, секое правило, се распаѓа секој ѕид, се гази секој чесен, се издигнуваат криминалци, насилници, нарко босови и корумпирани политичари на ниво на јаки фаци и фраери!
33 години свесно се одржува клиентелизам “се’ мој до мојега” и царува неспособноста.
33 години нижеме трагедии, без мнозинството да мрдне со мал прст, па и на оние кои се борат против трулото ткиво да им солат памет “абе баш вие ли ќе смените нешто!?” или да им се потсмеваат или да ги навредуваат ако кренат глас, ако бараат правда!
Живи изгорени во автобуси, во болници, во шупи, насмрт прегазени на зелено и на пешачки премини, киднапирани среде бел ден, населени во фушерски изградени згради, “школувани” во небезбедни училишта – извор на зарази, убивани од корупцијата во јавното здравство и пред затворените врати на прескапото приватно, ограбени, преработени, уморни, отруени со воздухот, водата, храната… предвреме убиени деца, браќа, сестри…
Се’ по Закон, со дозволи, лиценци и прописи!!!
И редовно нема вистински виновници!
Редовно некој ситен пиун се мести наместо крупните ѕверови!
Редовно се сведува на молитви, жалење, изненаденост, неверување…
Редовно повлекување во личниот балон на ситниот комфор, дури се може.
Редовно масовно гласање на криминалци кои месец дена претходно се амнестирале самите со Закон во Собрание!?
И сега гледаме сосема јасно и ужасно болно дека нема бегање од срушен систем! Дека корупцијата и клиентелизмот убиваат!
Нас самите, нашите деца ги убиваат!
Може ли вакво нешто да се истрпи?
Може ли вакво нешто да се надмине?
Може ли вакво нешто да се сведе на денови на жалост и задоцнети инспекции и потерници?
Кога сите знаеме за сета трулост во која свесно тонеме!?
Кога огромен број и учествува во нејзино создавање – или активно или пасивно?
Кога луѓето веќе ги нема?
Убиени се!
Убиени!
Што останува после ова?
Каде тераме?
Не е точно дека нема зборови за трагедиите!
Има:
Корупција!
Клиентелизам!
Премолчување!
Веднење глава!
Апатија!
Непостоење на лична одговорност!
Поддржување на штетни политики за лична корист!
Себичност!
Убиена солидарност!
Мој Стојанче дома да си дојде!
Срушен систем!
Има и причини и причинители и учесници, за се’ ова што го сведочиме!
Напиша Тамара Јованов на својот фб профил. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост: