Марио Јанески: Имаме должност према самите себе и идните генерации
Претседателот на Црвена Младина, Марио Јанески со свој став на неговиот фб профил:
Ја нормализиравме апатичноста и мантрата дека секоја битка за да направиме подобар систем и држава е однапред изгубена.
Што да се каже освен дека борбата за да го промениме овој нефункционален систем не е повеќе само право на избор, желба или некаков морален чин. Туку да се бориме до крај за подобро утре, подобра држава, систем, институции од денес мора да ни биде нужност и должност.
Должност према сите жртви кои загинаа поради корупцијата, должност према самите себе и идните генерации.
Денес, утре да тагуваме, а потоа тагата да ја канализираме во гнев и да се бориме! Безкомпромисно!
Нека почиваат во мир .
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост: