Јанков: Сите до еден имаат одговорност спрема починатите деца
Сите до еден треба да одговараат, од организаторот на концертот, газдата на локалот, проектантите на проектот за адаптација и пренамена, ревизорите на истиот, службеникот во ДСЗ кој дал позитивно мислење за ППЗ елаборатот, ревидентитетот во општина, контролорот и раководителот на урбанизам кои го издале решението за пренамена, градоначалникот кој го потпишал, изведувачите кои работеле, надзорите кои дале позитивен извештај, инспекторите кои не проверувале на терен…
Сите до еден имаат одговорност према починатите деца, према нивните семејства и према целата јавност.
Три класа гимназија збришани во еден миг, во град со големина на Кочани, па нема доволно свештеници да ги опеат и гробари да ги закопаат!
И после живеј, кога горат деца по дискотеки, луѓе по автобуси, пациенти по болници, кога те лечат со физиолошки раствор, кога се поплавуваат села ради бесправна сеча, кога горат шуми за некој после да гради и да се богати… Не е тоа живеење, преживување е!
Или сите колективно да се запалиме, или тоа да го направиме на причинителите на несреќите, трето нема!
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост: