АктуелноИнтернационално

Кинеското МНР бара прекин на израелските напади врз Палестинците

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг побара од Израел да ги запре нападите врз Палестинците со цел да се спречи понатамошна ескалација.

На заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега Самех Шукри во Каиро, кинескиот министер укажа на неправдата што им е нанесена на Палестинците и ја повика меѓународната заедница да се придржува кон развојот на решението за две држави, да вложи повеќе напори за проширување на хуманитарната помош и изнаоѓање праведно и итно решение за конфликтот.

Чин Ганг ја нагласи важноста од „одржување на историскoтo статус кво“ во Ерусалим, посочувајќи на неодамнешното упад во џамијата Ал Акса иницирано од Итамар Бен-Гвир, министер за национална безбедност на Израел.

За време на таа агресија, 292 израелски доселеници упаднаа во џамијата Ал Акса во окупираниот град Ерусалим додека беа заштитени од израелската полиција. Еврејските доселеници го нападнаа исламското свето место преку портата Ал-Магариба и изведуваа талмудски церемонии во дворот на храмот. Исламскиот вакуф, присуството на доселеници во џамијата го оценува како провокативно.

Во меѓувреме, од почетокот на 2023 година, израелските окупаторски трупи убиле 13 Палестинци за две недели во организираните рации и судири низ окупираниот Западен Брег.

Според палестинското Министерство за здравство, израелските сили убиле најмалку 170 Палестинци на Западниот Брег и го окупирале Источен Ерусалим во 2022 година, меѓу кои и повеќе од 30 деца. Според извештајот на ООН, од израелска страна најмалку 9.000 луѓе се повредени во текот минатата година.

Исто така, израелските окупациски сили вкупно привеле околу 7.000 Палестинци во 2022 година, што придонесе минатата година да биде со најмногу апсења на Палестинците што живеат под окупација уште од 2005 година.

Отпорот веќе е во пораст и се очекува да расте уште повеќе, особено на Западниот Брег, бидејќи „статус квото“ во Ерусалим продолжува да биде загрозено, а Палестинците се изложени на невидено израелско насилство.