Андреа Јанков: Ете ја нашата Македонската настрешница
Овакви работи се случуваат кога на несоодветни места, со несоодветна вентилација, начин на евакуација, се прават дискотеки и ноќни барови, само затоа што газдата е другарче со некој локален партиски моќник. Кога во општина им се одобрува да работат, кога им поминува несоодветен проект за адаптација и пренамена, фалц ППЗ елаборат, кога инспекцијата наместо на лице место прави надзор во кафана на ручек.
Кога пиротехнички средства се купуваат на Битпазар, наместо да се строго контролирани и манипулирани од страна на лиценцирани експерти, кои ќе можат да проценат дали, каде, колку и што треба да се употреби.
Кога концерти се договараат и одржуваат без сериозна претходна припрема.
Дојдени сме во ситуација да пратиш дете во град, да не знаеш дали ќе ти се врати! Да ти е страв како родител да го пуштиш од дома, затоа што не знаеш дали ќе настрада од пијано говедо, ќе ти биде киднапирано и убиено или ќе изгори живо!
Златни деца се изгубени! Преку 50 иднини запечатени!
Нека почиваат во мир, а ние останатите, дајте бе луѓе, сите тука живееме, дајте ред да направиме, доста мислиме само за себе, утре може ќе биде во прашање моето или твоето дете…
Објавата на Јанков ви ја пренесуваме во целост: