Србија: Студентите повикуваат на мирни и достоинствени протести – се до исполнување на барањата
На големите протести кои се одржуваат денес во Белград, студентите се трудат по секоја цена да избегнат било каква форма на насилство.
Протестите започнаа во Нови Сад на 1ви Ноември минатата година, кога на железничката станица падна настешница и загинаа 15 лица а двајца беа сериозно повредени.
Централниот собир на студентите беше закажан во 16.00 часот пред Народното Собрание, но многу порано студенти и граѓани се собираа во групи на пет локации во градот, од каде им се придружија и сите заедно продолжија на протестот.
Студентите повикуваат на мирни и достоинствени протести, велат, се до исполнување на барањата. Порачуваат дека нема да дозволат протестите да бидат обележје на инциденти и најстрого го осудуваат секој вид на насилство. Како што велат, три месеци ја градиме оваа борба на солидарност, љубов, посветеност и труд, нема да ја донесеме во прашање важноста на протестите со непромислени одлуки.
Во Белград денес нема јавен превоз,сите возила се повлечени од улиците, а по целиот град може да се видат ѓраѓани со знамиња и транспаренти како пристигнуваат на локацијата.
Студентите од 22 Ноември блокираа повеќе од 60 факултети, барајки политичка и кривична одговорност за несреќата на железничката станица, бараат борба против корупцијата и држава во која институциите ќе работат слободно без политички притисок и влијание.
До 18 часот протестите се одвиваа без сериозно забележани инциденти.