АктуелноЛокално

Мики Крстев е лишен од наследство – Матично не му го „признава“ покојниот татко во изводот од родени

Покрај болката што останал без родител, гнилиот систем само му ги зголеми маките и стресовите на Мики Крстев.

Покојниот Васе Крстев од Струмичко му е татко на Мики Крстев според судот, ама не и според Управата за водење матични книги, која 5 години не спроведува судска одлука и го лишува Мики од правото да добие наследство, а му поминало и времето (до 26-годишна возраст) да добива пензија по основ на починат родител.

Барањето татко му да биде впишан, Мики во Матично го поднел пред 11 години и оттогаш освен што не може да си ги оствари правата, изложен е и на непријатности и понижувања.