АктуелноЛокално

Абрашев: Езерото Младост повторно почна да се загадува и покрај уверувањата на локалната власт дека езерото е чисто

Пред само неколку недели беше дадена изјава од страна на вработен на ЈПВ Лисиче дека езеро Младост почнало да се разгадува!

Овие фотографии направени во текот на вчерашниот ден го тврдат сосем спротивното. За жал со покачување на температурите, повторно се појавува „чудната материја“ што произлегува од загадувањето на езерото.

Да биде трагедијата поголема, на чело на Општина Велес се поставени неодговорни луѓе кои се заинтересирани само за сопствениот интерес, а не и за интересот на Општината и граѓаните. Има формално формирана комисија за „Спас на езеро Младост“, но до ден денес нема одржано ниту еден состанок, ниту една средба!

За превземени мерки не треба ниту се дискутира, се разбира дека нема ништо превземено за справување со алармантната ситуација во која се наоѓа велешкото езеро! Ова е уште една сезона во која нема можеме да се користат водите на езерото Младост.

Во Август минатата година Хидробиолошкиот институт од Охрид објави дека има високи нивоа на органско и фекално загадување на езерото. Загадувањето е од околните населби, кои не се приклучени на водоводната и канализационата мрежа.

Добиените резултати од микробиолошките истражувања покажуваа дека според застапеноста на вкупните колиформни бактерии и Уредбата за категоризација на водите, квалитетот на водата од акумулацијата „Младост“ е со лош квалитет 4та и 5та класа.

Воедно препорачаа дека е неопходно итно механичко чистење, отстранување на конгломератите кои се наталожиле на дното на акумулацијата со багерирање. Посебно препорачуваа снабдување на акумулацијата со свежа вода, напиша советнкот во Општина Велес од Левица, Димитар Абрашев.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост: