Андреа Јанков: Кратка анализа на паркингот на Клинички Центар – Инвеститорот годишно ќе генерира 2.848.780 евра, а Република Македонија 1% или 28,487 евра

Андреа Јанков, магистер инженер архитект, со магистерска теза од областа на самоодржливта и неинвазивна архитектура, одбранета на УКИМ – Архитектонски факултет – Скопје, каде завршил и додипломски студии.
Овластен проектант и инженер за изведба со Овластување Б од Комора на овластени инженери и архитекти на Република Македонија.
На својот фб профил објави кратка анализа за паркингот кој треба да се гради на Клинички Центар, чиј инвеститор ќе биде албанската компанија „Ѓока„.
„Според ДУП Ј21 Клинички Центар, на блок 07, градежна парцела 7.1, катната висина е П+12.
Во рамки на парцелата има три приземни паркинзи со димензии 50х60м, или 3.000м2.
Да земеме во предвид дека една катна гаража (од армирано бетонска конструкција) би била изведена со две подземни нивоа, приземје и уште 4 надземни, со тоа би се добиле 21.000м2 по гаража, или 63.000м2 бруто површина.
На таа површина се добиваат 1.800 паркинг места.
Изведбата на еден таков објект чини приближно 5.000.000 евра, односно на трите парцели 15.000.000 евра. 1.800 паркинг места, по цена од 20 денари на час, дневно генерираат 864.000 денари, или 315.360.000 денари годишно или 5.127.805 евра.
Односно, за три години се враќа инвестицијата.
И потоа може да генерира пари за ПОЦ или Паркинзи на Град Скопје, во крајна вредност од 102.556.100 евра за 20 години или паркирањето да биде бесплатно или смалено на 10 денари, или дневни карти, сите комбинации се отворени.
Е сега, ЃОКА (која иронија што се вика како насловниот лик од Сомнително лице на Нушиќ) треба да гради некакви монтажни гаражи (800 паркинг места), чија инвестиција е далеку помала од горе прикажаната, односно би изнесувала 1/3 (5 милиони евра), и ако ја задржи сегашната цена од 25 денари на час во Клинички центар годишно ќе генерира 2.848.780 евра, а Република Македонија од тоа ќе добива 1% или 28,487 евра.
Инвеститорот за помалку од две години ќе си ја врати инвестицијата, а останатите 18 години ќе се пуни ко брод, односно ќе излезе со чист ќар од 52 милиони евра! Од кои РМ ќе инкасира само 569.740.
Не знам кој е попаметен во случајов, Ѓока, Јеротије, Виќа или Госпоѓа Министерка… Ама ова дефинитивно е еклатантен пример на крчмење на државни добра.„