АктуелноЛокално

Мециновиќ: Премногу огин од владејачка партија по синдикатите – наместо бурек да јадете да ги покачите платите

Демонско соопштение на ДПМНЕ!
Премногу огин од владејачка партија по синдикатите. Какви биле такви биле, вие СЛУГИ капиталистички што не станавте од скутот на стопанските комори, да намалите малце со анти-работничката хистерија. Наместо бурек да јадете да ги покачите платите, бандо ненаситна!
9 пати спомната опозицијата и обид за демонизација.
“Тој” е испостава на опозицијата… не е никаков синдикалец, тој спроведува политики усогласени со, јавно необјавената, опозициска коалиција.
“Тој” свесно се стави во канал на партиско делување и одработување за опозицијата, а работниците и членовите на ССМ ги манипулира.
Иако коалицијата сеуште ја кријат, јавноста многу добро знае дека опозицијата имаат премолчена коалиција, а тоа се гледа и во нивните јавни настапи и координирани теми за прес-конференции и партиски соопштенија.
Повикуваме, да престане да ги лаже работниците и јасно да каже, дали опозицијата му кажале да излезе со илузорни барања, за потоа да се налепат на темата со прес-конференции?
“Тој” да каже дали самите работници го осуетиле и го разоткриле планот на опозицијата кој тој го спроведува, па цела недела порано опозициската коалиција се приклучила со наводни предлози и решенија?
Паниката од разобличувањето на нивното усогласено координирање е голема и кај “него” и кај опозицијата.
Кај “него” нема ни трошка грижа за работничките права, тоа е само глума пред јавноста и лажење на синдикалците, одработувајќи и отворајќи им теми за партиско делување на очајната опозициска коалиција составена од опозицијата.
Нивниот план е откриен, а делувањето прочитано, затоа ќе продолжиме со [неговото] разобличување и поврзаност со опозициската коалиција.“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
БОЛЕСТ од соопштение.