АктуелноЛокално

Градоначалникот на Велес константно ги навредува и напаѓа советниците на Левица

“Eден пратеник со плата од над 100.000 ден и патни трошоци од над 10.000 евра, којшто е “загрижен” и крајно револтиран што советници на Левица “јаделе општински пари – 20.000 ден”, а цел мандат ништо не направиле.
Па уште тој пратеник, по стапките на колешката пратеничка се дрзнува да оценува дали некој приватно или професионално нешто направил во животот само поради тоа што сами си ја заматија водата држејќи пресови во присуство на пола влада за нивната “способност” да го реконструираат мостот за 60-90 дена.
Е сега кога увидоа дека нивниот план не се реализира -сега криви се советниците на Левица.
За константните напади дека ние немаме никакви предлози во советот на Општина Велес можам само да кажам дека инаетот на градоначалникот е толку голем што не му дозволува да прифати ништо што доаѓа од нас -колку и тоа да е конструктивно, лесно остварливо и во интерес на сите граѓани ама очигледно од предлозите градоначалникот го чита само делот каде што е потпишан подносителот.”
Напиша на својот фб профил советничката на Левица, Маргица Урумова