Продолжен притвор за активистите на СНС – За нападот врз студентите во Нови Сад
Основниот суд во Нови Сад го продолжи притворот за четворицата активисти на СНС, за нападот врз студентите.
Активистите на СНС, ги нападнале студентите ноќта помеѓу 27 и 28 јануари.
Групата новосадски студенти била нападната од група мажи со безбол палки додека лепеле налепници со позив за блокада на мостовите.
При овој напад една студентка, од Академијата за уметности, се здобила со тешки повреди.
Во решението на судот се наведува дека на осомничените им се продолжува притворот до 29 март оваа година, бидејки на слобода би можеле да влијаат на постапката со дејство врз сведоците и дека постои основан сомнеж дека може да го повторат делото.
Осомничените се теретат за кривични дела насилно однесување и нанесување на тешки телесни повреди.