(Видео) Песната ,,ОЧИ” напишана за Вера Јоциќ, во редок материјал каде ја чита самиот Ацо Шопов
Оливера Верa Јоциќ била прогласена за народен херој на 20 декември 1951 година. Била истакнат припадник на македонското народноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката борба на Македонија.
Во борби кај селото Страцин (Кумановско) на 20 мај 1944 година, таа го извела првиот јуриш против бугарскиот окупатор, по што била тешко ранета. Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско на само 21 година.
,,…Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.”