АктуелноЛокално

Пратеникот Јанчев од владата го побара купопродажниот договор на ЕВН поради енормно високите сметки за струја

Со пратеничко прашање до власта побарав да го добијам купопродажниот договор со кој австриски ЕВН го купи ЕСМ. Тоа е зделката попозната како бонбона бизнис.
Инспирацијата за тоа се високите сметки за струја кои ни стигнаа на домашни адреси.
 
Кога се продаваше ЕСМ, аргументите кои му се продаваа на народот беа дека морало да влезе приватна компанија затоа што државата не била способна да обезбедува континуирана услуга и не била способна да наплати струја.
И еве видовме, после 16 години ЕВН не може да наплати струја во Арачиново и кој знае уште каде.
Сами кажаа дека штетата во Арачиново е 6 милиони евра годишно и дека континуирана услуга не можад да обезбедат поради диви приклучоци (кражба на струја).
 
Сето ова јавно го кажуваат нивни портпароли, арно ама не поднесуваат кривични пријави за кражба на струја, што е кривично дело само по себе. Они ги имаат точните податоци од терен кој и каде краде струја, но пријави во случајот Арачиново уште нема.
За ова од Левица своевремено добија кривична пријава за непријавување кривично дело.
Со други зборови, аргументите за приватизацијата на ЕСМ, наплата и обезбедување континуирана услуга, паѓаат во вода.
 
Друг проблем е и најскапата мрежарина. Во Македонија се наплаќа највисока мрежарина споредбено со земјите од поранешна СФРЈ.
 
Нареден проблем кој раѓа голем сомнеж е тоа што бројот на фотоволтаични централи и тоа на плодно, земјоделско, земјиште расте. А ЕВН постојано пријавува импозантен раст на добивка?
 
И за крај проблемот кој ни се случи сега со задоцнетите отчитување на броилата и покачените сметки. Ако обичен граѓанин задоцни да плати, без разлика дали е проблемот во доставата или немање пари, одма следува камата.
 
Ако ЕВН направи грешка и ни стигнат поголеми сметки, мора да си платиме, па да пишуваме приговори.
И, кој е бенефитот на народот од приватизацијата на ЕСМ?
ЕВН гледаме дека има бенефит и тоа дебел. Лани пријавиле добивка од дури 546%.
 
Од овие причини го барам договорот за купопродажба на ЕСМ, да видиме какви обврски имаат превземено, што имаат исполнето однтиенобврски и да ја видиме целата слика, колку вистински бенефит има народот од приватизацијата, а колку странскиот капитал.