(Видео во живо) Немири во Атина – Летаат молотови коктели, солзавци, бекатонки, пендреци – Улиците во Грција наликуваат на граѓанска војна
Во пресметка со молотови коктели, камења и солзавец прераснаа масовните демонстрации во Атина на втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи во централна Грција, во која загинаа 57 луѓе, претежно ученици.
Протести има во повеќе од 200 градови низ Грција и дијаспората. Штрајкуваат железничари, контролори на лет, лекари, наставници, адвокати, студенти.
Гневот на толпата е поради сомневањата дека се брзало да се расчисти местото на несреќата, за да бидат уништени клучни докази. Нема одговори ни на прашањето што ја предизвикало експлозијата во еден од вагоните, поради која загинаа уште десетици луѓе.