Смилев: Македонија рекордер во аерозагадување – се гледаме денес на надзорната расправа во Македонското Собрание
Во 2019, 2020, 2021 година, Македонија е апсолутен и несоборлив европски рекордер по највисока средно-годишна концентрација на изложеност на PM2.5 (30.3 μg/m3), и над 50% од целото наше население дише токсичен воздух што е нeзапамтен параметар на Евроспко тло.
Во Велес 5 од вкупно 30 случаи на рак на белите дробови се од изаложеност на ПМ 2.5 честички или 16.1% од вкупната смртност од овој тип рак се од загадувањето
12 смртни случаи ( од вкупно 94) од мозочен удар се директна последица од загадувањето или 13% од вкупната смртност на велешани од мозочен удар се од загаден воздух!
За новозабелените велешани од астма се уште пофрапантни и попоразителни информациите .
НАДЗОРНА РАСПРАВА, денес (вторник) во 11 часот во салата Борис Трајковски во Мкаедонското Собрание, повика на Фејсбук екоактивистот од Велес – Игор Смилев.