Мојсоска: ДПМНЕ го врати на функција командирот кој пукаше со автоматска пушка
Во одговор на пратеничко прашање, министерот Панче Тошковки потврди дека командирот во Ропотово, кој стана познат по објавено видео како ПУКА од автоматска пушка, е вратен на позицијата командир на Полициското одделение Ропотово!
Во август минатата година токму пратеникот од ДПМНЕ – Ковачки објави видео од командирот од ПС Ропотово како пука со автоматска пушка. Тогаш Ковачки напиша: „Ова е во Македонија – командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил“.
Токму власта на ДПМНЕ и ВРЕДИ, со РЕШЕНИЕ од 6 септември 2024 година, го враќа пукачот со автоматска пушка повторно да биде командир.
Иначе се работи за човек кој ги поминал сите партии, бил дел од Турската партија, потоа отишол во СДС, па во ДУИ, како типичен локален моќник кој е заштитен од секоја партија на власт. Како власта на Мицкоски ќе спроведува правда, кога вакви бандити кои до вчера биле со ДУИ, сега се на функции со новата власт?!
Очигледно е дека трендот на прешалтување на криминогените најдолни слоеви од ДУИ во ВРЕДИ го следи и овој командир. Односно, секој ден гледаме како довчерашните кадри на ДУИ добиваат директорски функции (овојпат) од ВРЕДИ, довчерашните структури од СДС добиваат директорки функции од ЗНАМ и историското испраќање на ДУИ во опозиција изгледа на ФАРСА, кога токму луѓето кои го држеле ДУИ во живот повторно се наградени со функции – сега од ДПМНЕ и ВРЕДИ, напиша пратеничката Јована Мојсоска на Фејсбук.