Крстев: Наместо негување на историскиот континуитет нашите „патриоти“ одлучија да менуваат грб и химна
Статус на Мики Крстев:
Наместо негување на историскиот континуитет кој ја чини нацијата, нашите „патриоти“ одлучуваат да менуваат знаме, грб и химна.
Вековно градената свест за национална припадност, за само триесетина години успеја да ја уништат заради лични интереси, притоа несвесни дека со тоа се обезличуваат самите себе и целиот свој народ, кој повеќе не може да се препознае кој е и што е.
Сменија знаме, име, грб, го сменија својот идентитет и уште продолжуваат да се порекнуваат!
Наместо да им проработи свеста за своето негирање, тие трчат на лицитација за повторна промена на грбот, а не се свесни дека трчајќи заборавија кои беа и каде беа тргнати…
Плука ли човек по земјата – плука по самиот себе!