Левица Карпош: Нема попуст за богаташите – Кој сака да се богати нека плати
Советот на општина Карпош денес расправа за цената на комуналиите во Нерези и Бардовци. Иако советникот на Левица даде јасен предлог комуналиите за големите станбени згради (А2) да бидат двојно повисоки од оние за индивидуални куќи (А1), истиот не беше прифатен.
Ова е уште еден доказ за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и другите партии, кои под изговор дека Бардовци е „рурално“ подрачје, всушност штитат интереси на инвеститори и богаташи. Бардовци одамна не е рурална населба, туку елитна зона каде што се гради луксуз на сметка на јавниот интерес.
Ставот на Левица е јасен и непоколеблив:
Комуналиите за индивидуални куќи треба да останат пристапни за да се заштитат интересите на староседелците.
За големите станбени згради цената мора да биде значително повисока – профитот на инвеститорите не смее да се субвенционира преку ниски комуналии на грбот на граѓаните!
Ова не е прашање на урбанизам, туку на социјална правда. Заштитата на староседелците од урбаната експанзија и алчноста на градежниот бизнис останува наш приоритет.
Нема попуст за богаташите – социјалната правда не е на распродажба, напишаа од локалниот огранок на Левица во Карпош.