„Е ПА ДЕЧКИ, АПОЛИТИЧНОСТА ЌЕ ВЕ УБИЕ“ – пратеникот Димитар Апасиев се пожали на експертите за безбедност на сообраќајот кои не дошле на јавната расправа
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, реагира против експертите кои се стручни за поголема безбедност во сообраќајот, но кои, како што се жали во неговата објава на фејсбук, не сакале на негова покана да дојдат во Собрание на дебата за сопирање на сообраќајното насилство.
„Секој ден пишуваат како треба да се смени однесувањето во СООБРАЌАЈОТ. Прават одлични анализи, стручни текстови, како да се вози точак, како да се подобри безбедноста, како да се сопре сообраќајното насилство… И, со сиот респект, ги викаш во Собрание, на јавна расправа баш на оваа тема. И? Ти одбиваат гостување!? Ваљда, “да не ги обоеле политички”.
Епа дечки, АПОЛИТИЧНОСТА ќе ве убие!“, пишува Апасиев во објава на социјалната мрежа фејсбук.