АктуелноЛокалноСтав

Петровски: Додека нема казнивост некој имбецил ќе ни ги прегазува најмилите на пешачки и ништо нема да му се случи

Статус на Бојан Петровски:

,,22 годишна девојка загина на пешачки”.

Нова жртва на лудачко возење на некој идиот. Којзнае кој пат. Којзнае колку жртви во последните години. Казнивост? Условна, 10-15 месеци затвор (кои нема да ги одлежи убиецот, како во мојот случај), па олеснителни околности, па греота бил, па не сакал, иако возел над дозволеното и не застанал на пешачки. И пак и пак за жал ќе има вакви случки. Веќе не знам кој пат се случува ова, одамна прекинав да ги бројам сите случаи.

Знаете каде е проблемот? ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ. Корумпираноста на судиите и обвинителите. Неказнивоста. Криминалната судијка, која му пресуди 18 месеци на убиецот на брат ми (Татјана Петровска), некое време по тој случај, и покрај цел притисок кој го правев да биде санкционирана, бидејќи свесен сум дека има земено дебели пари за да пресуди така, не само што не беше санкционирана, туку беше НАГРАДЕНА со унапредување. Сега е претседателка на Основниот суд во Битола.

Александар Камбовски беше член на советот во битолска Апелација кој ја потврди истата криминална и неправедна пресуда, и покрај сиот напор кој го вложив за Апелација барем малку да ја исправи неправдата. Знаете каде се наоѓа сега овој ,,чесен судија”? Пред неколку дена беше избран за ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ.

Е тука лежи целиот проблем. Додека нема казнивост, некој имбецил ќе ни ги прегазува најмилите на пешачки, и ништо нема да му се случи. Дури вакви криминалци се судии и обвинители, ќе биди и полошо. Само не знам до кога ќе се правиме дека се е во ред.

Царство и Небесно на девојчето и искрено сочувство до нејзините најблиски. За жал, живееме во систем кој или ги убива, или ги брка надвор најдобрите меѓу нас. И знам дека нема ништо да смени еден ФБ статус, затоа и ретко пишувам, ама некои работи не смеат да се премолчат.

Разбрав дека некои фаци од битолското правосудство биле навредени од моите ФБ статуси од пред неколку години. Им се извинувам што бев премногу мек, знам дека заслужуваат многу попогрдни зборови на нивна сметка, ама не сакам да си ја валкам душата заради нив.