АктуелноЛокално

Концерт на медитативна музика во КИЦ

На 2-ри февруари (недела) со почеток од 19 часот во Културно информативен центар – Скопје, Салон 19:19 ќе се одржи концерт на најновите уникатни аранжмани на дела од Шри Чинмој изведени на пијано и виолина.

Мелодично патување кое допира до душата и ја издигнува свеста преку разиграна инспирација што со магнетна сила го исполнува срцето и го радува животот.

Боирави Ахенбах (Австрија ) – виолина, редовен член на Радио-симфонискиот оркестар на Виена

Долорес Кабестани (Шпанија ) – пијано, аранжман

Влезот на настанот е слободен. Потребна е претходна резервација на телефон 076266803, онлајн на https://meditacija.mk/registracija или во порака на Фејсбук / Инстаграм профилот.

„Музиката е мирисот на душата. Музиката е совршенството на срцето што тежнее.“ – Шри Чинмој

Настанот е организиран од Шри Чинмој Центар