Хрватските граѓани повикуваат на еднодневен бојкот на продавниците во петок: „Тоа е првиот чекор, да предупредиме“
Поради рекордните цени, се шири повикот за масовен бојкот на продавниците во Хрватска. Во порака која кружи на социјалните мрежи, се замолуваат граѓаните да не купуваат ништо во продавниците и бензинските пумпи во петок на 24 јануари.
Во Министерството за економија во тек е нова рунда преговори со производителите и трговците за проширената листа на храна со замрзнати цени. Утре дистрибутерите ќе седнат на маса со министерот. Додека Владата и трговците преговараат, граѓаните овој петок ќе ги бојкотираат продавниците поради поскапувањето. Доколку акцијата успее, здруженијата на потрошувачи најавуваат втор чекор. Од следната недела ќе има двонеделна блокада на еден по еден трговски синџир
Иницијативата дојде од самите граѓани, потрошувачи кои се собрани на платформата „Ало инспекторе“.
– Огромното мнозинство граѓани имаат просечни или потпросечни примања кои повеќе не можат да го издржат ова енормно поскапување. И иницијатива на самите граѓани беше да направиме нешто, да го слушнеме гласот на потрошувачите и да покажеме дали потрошувачите можат да влијаат на она што се случува на пазарот, рече Јосип Келемен, платформа за потрошувачи „Ало инспекторе“.
Граѓаните најмногу ги налути фактот што цените од ден на ден се зголемуваат. На пример, лебот поскапе за 26 центи за 26 дена, додека другиот леб поскапе за 33 центи.
Ако го земеме фактот дека 33 центи се всушност 2 и пол куни, излегува дека плаќаме 10 или 11 куни за лебот што го плаќавме, не знам, 6 куни. Луѓето навистина не знаат дека тоа е големо поскапување. Излегува дека лебот поскапува секој ден по еден цент, појасни тој.
На прашањето што го предизвика поскапувањето, дали причината е инфлацијата, поскапувањето на енергенсите, владините мерки, Келемен вели дека за причините треба да разговараат трговците кои ја покачиле цената.
– Енергентите можат да бидат генератори, но тогаш доаѓаме до апсурдна ситуација еден ист производ во ЕУ, во земји далеку побогати од Хрватска, да чини 20, 30, 40% помалку отколку во Хрватска. Не може да биде 40% поскапо во Хрватска ако имаме помали приходи, помали трошоци, пониски цени на енергијата, пониски трошоци за работна сила и слично, рече тој.
– Пишувавме за примери каде на хрватскиот пазар доаѓа стока со послаб квалитет. За жал, станавме контејнер за неквалитетна стока во ЕУ. Добиваме роба со слаб квалитет и имаме повисоки цени. Ова е целосен апсурд, рече тој.
На прашањето дали еднодневниот бојкот ќе има ефект и зошто да не започне со тридневен штрајк, Келемен одговори дека експертите велат дека првите ефекти во трговските синџири ќе се почувствуваат дури по 10-15 дена од штрајкот, а додаде: „ова е првиот чекор, да предупредиме“.
– Ќе покажеме дали потрошувачите се единствени и дали можеме да кажеме што мислиме за поскапувањето во Хрватска тој ден, рече тој.
-Овој начин на бојкот се прв пат се случува во Хрватска, но затоа тоа го прават редовно во Европа, каде го имаме примерот со Франција, Германија, Белгија, Велика Британија, Грција.
Најдрастичен пример беше во Франција кога луѓето излегоа и велеа: доста ни е од намалување на производите, односно тежина, големина. Сакаме ист производ за иста цена, а не за повисока цена.
За прв пат Хрватите ќе бојкотираат од нивниот дом, од работно место, не излегувајки на улица,повикувајќи ги сите граѓани да кажат: Бојкотирам , Останувам на мојата одлука, во петок, 24 јануари, нема да купувам ништо, нема да точам гориво, нема да пазарувам, нема да шетам по трговски центри.
Хрватите исто така реагираат на поскапените цени на кафето, чајот, соковите во кафулињата кои станаа екстремно скапи, а тоа не е прифатливо за луѓето.