АктуелноЛокално

Црвена младина со пародично видео се исмева за алчноста на пратениците да лапаат милионски суми за патни трошоци

Подмладокот на политичката партија Левица на Фејсбук сподели сатирично видео во кое собираат донации за пратениците во Собранието на Република Македонија, за да помогнат во нивниот тежок живот.

Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар патни трошоци им се исплатени на пратениците од Собранието на Република Македонија за 2024 година.

Според податоците кои ги добивме од Собранието, пратениците потрошиле повеќе од 303,6 илјади евра за патни трошоци, што е околу 900.000 денари помалку во споредба со 2023 година, меѓутоа рекордерите се со речиси исти суми.