АктуелноИнтернационално

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш и Србија има право на Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека, доколку Соединетите Американски Држави (САД) имаат право на Гренланд, тогаш и Србија има право на Република Српска.

Тој се повика на изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој изрази желба за Гренланд како дел од САД, иако станува збор за автономна територија под суверенитетот на Данска.

„Кога некој од нас ќе спомне граници, веднаш ќе скокнат: ‘Не смеат да се чепкаат границите’. Како тие можат да ги поместуваат, а Република Српска не? Ако Словенците и Хрватите не се сметаа за сецесионисти, туку за факт на теренот, тогаш и Република Српска е факт на теренот. Зошто нè вративте во нешто што го нарекувате Босна и Херцеговина?“ рече Додик.

Според него, проблемот на Република Српска е создаден врз „лажни обвинувања против Србите“ за време на војната во Босна.

„Се знае дека е лага дека Србите убиле 300.000 луѓе во Босна. На оваа лага 450 Американци изградија кариери, а најголемиот лажливец е Бајден“, нагласи Додик.

Тој исто така ја критикуваше Европската Унија, посочувајќи дека во неа „нема лидерство“ и дека многу држави ќе се спротивстават на Брисел.

„Владеењето на правото во Европа е само празна фраза. Ако е вистинско, како Шмит е овде без легитимитет?“ заклучи Додик.